Во тек на употребата на фрижидерот може да се појават пречки и дефекти во работата. Наведуваме некои од нив, кои во повеќето случаи се последица на неправилна употреба, па може сами да ги отстраните.
Фрижидерот не работи после приклучувањето на електричната мрежа
• Проверете дали во штекерот има напон и дали фрижидерот е вклучен (регулаторот на термостатот треба да е во позиција за работа).
Разладниот систем веќе подолго време непрекинато работи
• Пречесто отворање на вратата, т.е. предолго отворена врата.
• Неправилно затворена врата (можно е присуство на страно тело, вратата да е навалена, оштетена да е гумата на вратата,...)
• Преголема количина на намирници.
• Поради недоволното ладење на компресорот и кондензаторот проверете го кружењето на воздухот позади апаратот и исчистете го кондензаторот.
Собирање на лед на задниот ѕид во внатрешноста на фрижидерот
Се додека водата тече во жлебот низ отворот во садот на компресорот, овозможено е нормално автоматско топење на фрижидерот.
Во случај да на задниот ѕид во внатрешноста на фрижидерот се собере прекумерен слој на лед, стопете го рачно. Регулаторот на термостатот ставете го во положба СТОП (0) и оставете ја вратата отворена. Не го топете ледот со електрични направи (фенови за коса и сл.) и не го симнувајте со тврди предмети. Откако ќе завршите со топењето, свртете го прекинувачот во саканата положба и затворете ја вратата на фрижидерот.
Прекумерното собирање на ледот е последица на:
• слабо заптивање на гумата на вратата (ако гумата е оштетена или нечиста, очистете ја или заменете ја),
• пречесто отворање, односно оставање на вратата отворена,
• ставање на топла храна во фрижидерот,
• храната или садовите што се полни, сместени се во задната страна на внатрешноста на фрижидерот.
Од фрижидерот тече вода
Водата тече од фрижидерот, ако е затнат отворот за истекување на водата, или ако стопената вода капе надвор од жлебот за собирање на водата.
• Затнатиот отвор исчистете го на пример со пластична сламка.
• Предебелиот слој на лед стопете го рачно.
Бучење на фрижидерот
Ладењето во апаратите за ладење и замрзнување го овозможува разладниот систем со компресорот кој прави и одредена бучава. Јачината на оваа бучава зависи од поставувањето, исправната употреба и староста на фрижидерот.
• За време на работата на компресорот можете да го слушнете шумењето на течноста, а за време на мирувањето протокот на разладната течност. Тоа е нормално и не влијае на векот на фрижидерот.
• По вклучувањето фрижидерот работата на компресорот и протокот на разладната течност можат да бидат погласни. Тоа не е знак за дефект и не влијае на трајноста на фрижидерот. По некое време на работа на фрижидерот, гласноста на тие шумови ќе се намали.
• Повремено за време на работата на фрижидерот се слушаат и необични и појаки шумови, невообичаени за фрижидерот и во повеќето случаи се последица на неправилно поставување:
- Фрижидерот мора да стои рамно и стабилно на тврда подлога.
- Не смее да биде во допир со ѕидот или со соседните елементи.
- Проверете дали внатрешната опрема е на свое место, т.е. дали звецкаат лименките, шишињата или други садови, кои меѓусебно се допираат.
..претходна     следна..